Болт ја заврши сезоната

Светскиот рекордер и олимписки шампион Усеин Болт го откажа учеството на митингот од Дијамантската лига во Цирих, соопштија организаторите.

Јамајканскиот спринтер на тој начин реши да ја заврши сезоната во која учествуваше на вкупно четири трки.

Тој во петокот трчаше на митингот во Варшава, каде на трката на 100 метри победи со резултат од 9,98 секунди и го урна светскиот рекорд.

Неговиот тренер Глен Милс изјави дека: “Болт чувствува дека е време да ја заврши сезоната додека е здрав и без повреди, со цел да ги почне подготовките за 2015”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.