Болт ќе трча на 100 метри во Париз

Најбрзиот човек на планетата, Јусеиун Болт, ќе трча на 100 метри на минингот на Дијамантската лига во Париз.

По пауза од пет години Јамајканецот ќе се натпреварува во Градот на светлината, соопштија гордите организатори.

Болт, кој го држи рекордот во Париз со најдобро време од 9,79 секунди, минатата година се повлече поради повреда на стапалото.

Митингот во Париз ќе се одржи на 4-ти јули, на задоволство на љубителите на кралицата на спортовите .

Болт уште не потврди на кои се натпреварувања ќе учествува до почетокот на Светското првенство во Пекинг, кое се одржува од 22-ри до 30-ти август.