среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 8

Болтон: Војската на ЕУ би била нож вперен кон срцето на НАТО

Доколку навистина дојде до создавање на оперативна војска на ЕУ, таа би претставувала нож вперен кон срцето на НАТО, изјави кандидатот за државен секретар на САД и поранешен американски амбасадор во ОН, Џон Болтон. 

нато

Поврзани вести

Европскиот парламент во вторникот донесе необврзувачка резолуција со која се бара за создавање на одбранбена сили поради заканите со кои се соочува ЕУ, но високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини истакна дека тоа нема да биде „европска армија“, туку структура која ќе дејствува заедно со НАТО.

Меѓутоа, како што јави „Раша Тудеј“, Болтон оцени дека таа резолуција може да доведе до тоа ЕУ да ја загуби заштитата на НАТО, нагласувајќи дека смета оти Унијата не е способна да формира „вистинска централизирани војска“.

Доколку ЕУ вели „Можеме сами да се браниме“, многу Американци ќе речат – „Добро, ама следниот пат кога авторитарното милитаристичко општество ќе биде закана, јавете ни како испаднало тоа“, наведе Болтон.

Тој оцени дека има многу реторики за можностите, но дека сето тоа е „шупливо“.

Доколку мислите да се потпрете на ЕУ, со целата ефикасност на бирократијата во Брисел, Бог нека во е на помош. Тоа е се што можам да ви кажам. Можете да завршите така што ќе ги испровоцирате другите, можеби Русија, а кога тие ќе сфатат дека се ова е слабо, ќе бидете во уште поголема опасност, нагласи Болтон.

Според негова проценка, клучната разлика меѓу ЕУ и НАТО е „мешањето на суверенитетот на земјите членки“.

Најчитани вести