Бомба кашикара пронајдена во тетовско Џепчиште

Кородирана рачна бомба – кашикара е пронајдена вчера во село Џепчиште, Тетовско, на местото викано „Лозје“.

Според МВР, бомбата ја пронашол И.Н. (50) околу 19 часот во близина на неговата нива, додека извршувал земјоделски работи.

Откако случајот бил пријавен, експлозивната направа е подигната за натамошна постапка од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување – Тетово.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Тетово.