Свет

Осум загинати во експлозија на автомобил бомба во Кобане

Осум загинати во експлозија на автомобил бомба во Кобане
Осум загинати во експлозија на автомобил бомба во Кобане

Осум лица загинаа, а 40 се ранети во експлозија на автомобил бомба во сирискиот град Кобане, на границата со Турција.

Автомобилот наполнет со експлозиви бил кренат во воздух на еден контролен пункт.

Според податоците на сириските Курди, борци на терористичката група Исламска држава почнале напад врз градот од три правци.

Во текот на јануари ИД успеа да го освои Кобане, но беше потисната од градот од курдските сили за самоодбрана.

Во борбите за градот тогаш беа убиени над 600 џихадисти.