Бомба на ИД – најверојатна причина за падот на рускиот Ербас

Британија соопшти дека е возможно причина за несреќата да е експлозивна направа, но не споменува кој би моѓжел да биде одговорен за тоа.

Заклучивме дека постои значајна мoжност авионот да се срушил поради некоја експлозивна направа, изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд по состанокот на владиниот комитет за кризни ситуации, со кој претседаваше премиерот Дејвид Камерон.

Египет, кој е близок сојузник на САД, изнесе слична тероија:

Се верува дека станува збор за експлозија, но засега не е познато од кој вид. Во тек е испитување на примероците на песокот земен од местото на несреќата за да се утврди дали станува збор за бомба, изјави неименуван извор, близок до тимот што ги испитува содржините на црната кутија.

Авионот на руската компанија „Когалимавија“ се сруши во саботата на 31-ви октомври, 23 минути по полетувањето во северен Синај. Авионот леташе на релација Шарм ел Шеик до Санкт Петерсбург.