Спорт

Бомба на стадионoт на Црвена ѕвезда

Бомба на стадионoт на Црвена ѕвезда

На стадионот „Ратко Митиќ“, односно седиштето на фудбалскиот клуб Црвена звезда пронајдена е бомба, неколку часа пред мечот од квалификациите за Лига Европа, јавија српските медиуми.

Црвена звезда вечерва, по пауза од една година, повторно ќе игра на европската сцена. Сепак, почетокот на денот го одбележа не баш убава слика на стадионот „Рајко Митиќ“. Имено, полицијата при рутинска контрола на објектот, на покривот пронашла бомба.

Полицијата се наоѓа на местото и прави дополнителни претраги, а повеќе информации не се соопштени.