Во бомбашки напад во Нигерија убиени најмалку 44 лица

Во бомбашки напад во Нигерија убиени најмалку 44 лица

Најмалку 44 лица загинаа во нигерискиот град Џос, при експлозии на две бомби во џамија полна со верници и познат муслимански ресторан, соопштија денеска нигериските  власти.

Како што пренесуваат американските медиуми, во синоќешните напади, за кои е обвинета исламскатата екстремистичка група Боко харам, биле ранети уште 67 лица.

Неколку години наназад Џос е место на насилни верски мотивирани судири. Градот се наоѓа во централниот дел на Нигерија – меѓу северниот муслимански и јужниот христијански дел на земјата. Тој беше цел на повеќе бомбашки напади на Боко Харам, кои досега ги однесоа животот на стотици луѓе.

Борци на групата вчера се вратија во селата во североисточниот дел на земјата, што ги нападна три дена претходно, убивајќи девет лица, палејќи 32 цркви и околу 300 куќи, изјави лидерот на локалната формација за самоодбрана.