Бомба во автомобил на вработен во МВР

Вработен во Министерството за внатрешни работи синоќа пријавил дека во неговиот автомобил има поставено бомба.

Случајот бил пријавен околу 23 часот во полициската станица Чаир.

Бомбата, како што информираат од МВР, била поставена на брисачите од неговиот автомобил „Алфа“.

По извршениот увид полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.