Бомба во бугарски автобус

Во Будимпешта во автобусот со кој бугарски патници патувале од Прага во Варана биле пронајдена бомба, јавува агенцијата Фокус.

Инцидентот се случил вчера попладне, а експлозивот бил пронајден во багажот што не припаѓал на никој од патниците.

Автобусот бил претресен поради чудниот мирис што се чувствувал. Возачите го сопреле автобусот и извршиле контрола. Тогаш утврдиле дека во багажникот се наоѓа куфер што не му припаѓа на никој од патниците, а кога го отвориле внатре имало бомба.

Сопственикот на тој куфер, наводно влегол во автобусот во Прага и излегол во Будимпешта.

По откривањето на бомбата патниците го продолжиле патот со друг автобус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.