Спорт

Бомбач потпиша за Аикс

Бомбач потпиша за Аикс

Повремениот ракометен репрезентативец на Словенија Деан Бомбач (25), до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Аикс, десеттопласираната екипа во француското првенство. Бомбач доаѓа од пропаднатиот тим на Динамо Минск и во Аикс ќе го замени повредениот Борис Бечировиќ.

Аикс е екипа во која игра братот на Никола Карабатиќ, Лука, а ја предводи легендарниот тренер Звонимир Нока Сердарушиќ, познат по своите 15 сезони минати на клупата на Кил.