Бомбардиран домот на лидерот на Хамас

Израелското Воено воздухопловство го бомбардираше домот на лидерот на Хамас во Појасот Газа, Исмаил Ханија, кој се наоѓа во бегалскиот камп „Шати“ во источниот дел на оваа палестинска енклава

„Израелскиот непријател двапати ни го бомбардира домот“, изјави Абед Салам Ханија, син на лидерот на Хамас.
Израел продолжува со бомбардирањата и артилерискиот оган врз целиот Појас Газа, при што само во текот на измината ноќ загинаа 17 лица, меѓу кои четири деца.

Осум деца и две возрасни лица вчера се убиени во бегалскиот камп „Шати“.

Двете страни се обвинуваат меѓусебно за одговорноста на оваа крвава драма.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.