Бомбардирана Дума кај Дамаск, убиени 42 лица меѓу кои и деца

Најмалку 42 меѓу кои и седум деца се убиени во нападите на режимските сили на Дума, во близина на градот Дамаск, каде што контролата ја имаат бунтовниците, соопшти денеска сиријската Опсерваторија за човекои права за новиот биланс на жртви од вчерашниот напад.

„Вкупно 42 лица загинаа во взодушните напади меѓу жртвите има седум деца и две жени,“ наведува групата.

Дума  е 15 км оддалечена од претстолнината и се наоѓа под опсада на сиријската војска. Веќе една година е честа мета на воздушните напади на режимските сили.

Меѓу жртвите има и бунтовници, а во болниците се префрлени голем број на ранети.