Бомбаш-самоубиец се разнесе во Аден, петмина војници загинаа

Нападот бил насочен врз млади воени регрути кои чекале автобус пред воен контролен пункт на северот на градот, откако напаѓачот влегол меѓу нив.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но џихадистите во минатото извршуваа такви бомбашки напади.

Џихадистичките групи не се опфатени со примирјето во Јемен, кое почна вчера меѓу завојуваните страни во земјата.