Бомбаш самоубиец уби 13 лица

Во напад на бомбаш самоубиец на истокот на Авганистан се убиени најмалку 13 лица, а повредени се дури 40 .

Нападот се случил во близина на станбениот комплекс во кој живее и гувернерот на провинцијата која граничи со Пакистан.

-Телата на убиените и ранететите се пренесени во болница, изјави Аминулах Хан, доктор во државната болница во градот Хост, пренесува АФП.

Францускиот весник „Фигаро“ пишува дека илјадници демонстранти веќе се упатиле кон домот на покраинскиот гувернер Абдул Џабар Наемија кого го обвинуваат за корупција.