Бомбашки напад во Јемен

Најмалку две лица загинаа денеска во силна експлозија на бомба во близина на резиденцијата на иранскиот амбасадор во главниот град на Јемен, Сана, објави МИА.

Двете жртви се припадници на службата за обезбедување во резиденцијата на амбасадорот.

Судбината на амбасадорот се уште не е позната, посочува МИА.

Дел од објектите во близина на резиденцијата се многу оштетени од силната експлозија, јавуваат американски медиуми.