Бомбашки напади на исламисти во Тајланд, 6 загинати и 11 повредени

Бомбашки напади на исламисти во Тајланд, 6 загинати и 11 повредени

Во три бомбашки напади во градови блиски до границата со Малезија, во ноќта меѓу петокот и саботата биле убиени 6 а ранети 11 лица. Направена е голема материјална штета, пишува МИА.

Полицијата за нападите ги осомничи припадниците на радикалните исламистички групи кои имаат искривено верување дека со вакви акции за време на големиот рамазански пост посебно ќе бидат наградени од Алах.

Според видео снимка од надзорна камера полицијата смета дека во нападите учествувале и две лица кои се бараат поради учество во слични бомбашки акции изведени во ова подрачје во мај минатата година.

Мета на нападите биле барови и места за забава во кои се собираат жителите на јужните провинции на Тајланд од немуслиманска вероисповест. Во сличен напад, во декември 2.013 година, биле убиени триесет лица, сите припадници на будистичката религија.