Балкан

Бомбашите самоубијци од турскиот аеродром се од Русија, Узбекистан и Киргистан

Бомбашите самоубијци од турскиот аеродром се од Русија, Узбекистан и Киргистан

Тројцата бомбаши самоубијци, кои во вторникот вечерта го изведоа нападот на аеродромот во Истанбул, усмртувајќи 42 лица, потекнуваат од Русија, Узбекистан и Киргистан, изјави денеска неименуван турски претставник, јавија британските медиуми, пренесува МИА.

Претходно беше соопштено дека, во врска со нападот на аеродромот, турската полиција уапсила 13 лица, меѓу кои и тројца странски државјани.

Неименуваниот прететставник за британските медиуми изјави дека полицијата извршила истовремени рации на 16 локации во Истанбул.

Турската полиција спровела повеќе рации во Истанбул и Измир трагајќи по осомничени членови на Исламска држава.

Агенцијата Анадолија јави дека во Измир се уапсени девет лица за кои се верува дека биле во контакт со членови на Исламска држава во Сирија.