Бомбашки напад во Бангког: Властите трагаат по осомничените (фото+видео)

Тајландскиот премиер Прајут Чан- оча изјави денес дека локалните власти трагаат по осомничените за вчерашниот бомбашки напад во Бангког, што се случи вчера и во кој животот го загубија 22 лица, меѓу кои 8 странски државјани, а 140 беа повредени.

Бомбашки напад во Бангког.
Бомбашки напад во Бангког.

-Денес ги прегледавме снимките од безбедносните камери, забалежавме некои осомничени лица, но снимката не е јасна. Мора да ги најдеме, изјави Прајут пред новинарите во Банког.

Инаку, осомничените за вчерашниот бомбашки напад во Бангког се снимени со кружната камера на телевизијата ЧТВ.

Бомбашки напад во Бангког – Најлошиот напад во историјата на Тајланд

Според премиерот Прајут, вчерашниот напад е „најлошиот напад во историјата на Тајланд“ и додаде дека осомничените се од антивладината група од североистокот на Тајланд, односно од засолништето на „црвените кошули“ кои што се противници на воената хунта, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АФП.

Експлозијата се случи вчера околу 19 часот, по локално време во дел на Банког каде имало голем број туристи, службеници и капачи.

– Многу е појасно кои се бомбашите, но засега неможам да откривам повеќе информации. Не ја исклучуваме можноста за тероризам, изјави Прајут пред состанокот на владиниот кабинет.

Цел на нападот се странците

Експлозијата на бомбата се случи на раскрсницата кај административниот и туристички дел на Бангког во непосредна близина на големи продавници и главното хиндуистичко светилиште.

Бомбашки напад во Бангког.
Бомбашки напад во Бангког.

Асошиејтед прес ја пренесува изјавата на воениот портпарол Вирачон Сукондапатипак дека на местото на експлозијата се пронајдени две бомби, а една од нив била врзана за мотоцикл.

Според министерот за одбрана Правит Вонгсувонг мета на нападот биле странците, со цел да се нанесе на главната стопанска гранка на Тајланд, туризмот. Според него во нападот била користена ТНТ бомба.