сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 6

Бомбашки напад во болница во Пакистан – 57 лица загинаа

Најмалку 57 лица загинаа, а над 100 се повредени денеска при бомбашки напад пред влез на болница во пакистанскиот град Квета, соопшти полицијата, пренесува МИА, повикувајќи се на ДПА.

pakistan-bombashki-napad

Поврзани вести

Најмалку 57 лица загинаа, а над 100 се повредени денеска при бомбашки напад пред влез на болница во пакистанскиот град Квета, соопшти полицијата, пренесува МИА, повикувајќи се на ДПА.

Постои стравување дека бројот на загинатите ќе расте.

Началникот на полицијата во провинцијата Белуџистан, Санулах Зери изјави дека постои можност експлозијата да ја предизвикал бомбаш-самоубиец, а истрагата се уште е во тек. Засега никој нема преземено одговорност за инцидентот.

Експлозијата се случила веднаш откако во здравствената установа било донесено телото на истакнатиот адвокатот Билал Каси, претседател на адвокатското здружение во Белуџистан, кој бил застрелан претходно во друг напад. Пред болницата се наоѓале голем број адвокати, кои пристигнале да изразат сочувство за убиениот колега, како и новинарски екипи.

Се уште не е познато ниту кој го убил адвокатот, кој бил застрелан на пат кон судот.

Најчитани вести