Бомбашки напад во Синај, петмина загинати и 10 повредени

Најмалку пет полицајци се убиени, а 10 се повредени при напад врз контролен пункт во северниот дел на Синај, соопшти денеска египетската полиција.

Меѓу повредените има и цивили, а засега никој нема преземено одговорност за нападот.

Полицијата нагласи дека напаѓачите подметнале бомба во едно возило, а од експлозијата целосно се уништени три ката на контролната зграда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.