Бомбашките напади во Анкара се дело на двајца мажи

Бомбашките напади во Анкара се дело на двајца мажи
Бомбашките напади во Анкара се дело на двајца мажи

Бомбашките напади во Анкара, во кои според последните информации од турските власти загинаа 97 лица, ги извеле двајца мажи, соопшти коанцеларијата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

 Се работи на идентификација на телата на двајцата мажи, терористи, кои во саботата изведоа самоубиствени бомбашки напади – се наведува во соопштението од канцеларијата на Давутоглу.

Во соопштението се додава дека во нападот, со најголем број жртви во историјата на модерна Турција, загинале 97 лица. Досега се идентификувани телата на 92 жртви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.