Бомбашот од Брисел работел 5 години на аеродромот Завентем

Еден од бомбашите самоубијци кој се разнесе на бриселскиот аеродром Завентем на 22-ри март работел околу пет години на аеродромот, пренесува „Раша Тудеј“, повикувајќи се на белгиската телевизија ВТМ.

Наџим Лашаруи работел на бриселскиот аеродром до крајот на 2012-тата. Телевизијата ВТМ јавува дека Лашаруи го познавал многу добро местото и бил информиран за безбедносната политика на аердоромот, но не се знае дали во тоа време бил под влијание на радикалните исламисти.

Засега нема детали за работното место на Лашаруи, но се напоменува дека вработените на аеродромот вообичаено имаат пропусници што се валидни во период од пет години.

Инаку, телевизијата напоменува дека на аеродромот била најдена скриена соба за молитви непосредно пред нападите, каде радикалните вработени се собирале за тајно да се молат. Аеродромот ја затвори собата на барање на полицијата, додавајќи дека се претпоставува дека има околу 50 радикализирани вработени.