петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

„Бомбастичен крај“ на оваа сезона од емисијата на Миленко Неделковски

milenko5

Поврзани вести

Последната епизода од оваа сезона на емисијата на Миленко Неделковски, се најавува како „бомба“.

Она што е познато е дека во петок негова гостинка ќе биде новинарката Мирка Велиновска. Според најавите, ќе бидат отворени жешки теми од внатрешната и надворешната политика на Македонија.

Најгледаната емисија започнува на полноќ во петок, а еве како новинарот истата ја најави:

milenko-nedelkovski-fb

Емисија и гостување кое втерува страв во коски на сите: владеачка гарнитура, опозиција, дипломати, странски служби, министри, сопственици на медиуми, олигарси, ЕУ, ОБСЕ, НАТО, сите (и сегашниот) претседатели на државава, сите (и сегашниот) премиери на државата, кандидатите за “времен“ премиер, новинари, уредници, мешетари, платеници, косовски лобисти, тастери, лустрирани и нелустрирани соработници на УДБА, амбасадори (бивши, сегашни и идни), политички камелеони, црковни великодостојници, привремени министри, специјани обвинители…

Мисламммм! Ако досега некој не го разбрал значењето на зборот “бомба“, сега ќе разбере.

Гостува ЕНЦИКЛОПЕДИЈА МАКЕДОНИКА.

Најчитани вести