Македонија

Бомбата ќе го растури СДСМ, а не Владата

Бомбата ќе го растури СДСМ, а не Владата

Лидерот на СДСМ, Зoран Заев толку време калкулираше со активирањето на бомбата и првичната реакција на сите беше дека таа му експлодираше во џеб. Јас тоа сум го пишувал многу порано. Таа бомба и е поминато времето за употреба и долго и долгото држење на крај ќе го растури СДСМ а не да ја растури Владата , тоа е пишувано во октомври лани, смета уредникот на Сител, Драган Павловиќ, Латас.

-Овде има работи кои се дискутабилни и кои не се . Значи тотално е не дискутабилно дали имаме обид за државен преврат, имаме. И тоа е последен обид во низата. Ја не би одел многу назад, значи ние имаме обид за насилен влез во собрание што исто така е обид за превземање на власт без избори, имаме бојкот на избори доколку не се организира техничка влада што исто така техничка влада не е законска обврска за да учествувате на избори и евентуално ги добиете и сега го имаме ова што го имаме, вели Латас.

Тој додава дека уцената со вакви материјале кај новинарите е честа појава, речиси секој функционер висок повеќето од нив кои биле на функција некоја важна во МВР, носи со себе некои материјали ги копира, кои ги монтира, ги употребува за дневнополитички потреби.

-Ништо ново не се случува со Заев само зачудува нивото на безкрупулозност, лекомисленост на наивност со кои се обидел да го направи тоа што го направил. Никаде во свет ни во Јужна Афрички земји , ни во Америка ни Русија, не доаѓа кандидат кој треба да ти ја превземе власта , да ти каже и тоа во неколку наврати, не е тоа еден разговор тоа се најмалку 4. Јас имам материјали за тебе, аудио снимки од телефонски разговори ќе ги објавам ако не се повлечеш, односно ми дадеш власт без избори преку техничка влада, вели Латас.