Македонија

„Бомбите“ кои ги објавува аболициран криминалец немаат силина

„Бомбите“ кои ги објавува аболициран криминалец немаат силина

Бомбите ги објавува човек кој е амнестиран за тежок криминал, човек кој е фатен 20,30 пати во јавни лаги, закани. Човек на кој нема да помислиш да ти го одземе вниманието за да можеш да ги разгледуваш и размислуваш неговите тврдења.

Ова го истакна новинарот Бобан Нонковиќ кој синоќа гостуваше во емисијата „Јади Бурек“, пишува Курир.

-Два мандати во општина Струмица каде што е власт единствено нешто што успеал да го направи е сите бизниси и тендери да ги подели на најблиски членови на своето семејство. Секој што се презива Заев во Струмица има бизнис со општина Струмица. Има добиено 1,2 до 10 тендери од Општината, смета Нонковиќ.

Тој додава дека после сите признанија од самиот старт паѓа силината на бомбите на Заев.

-Кога почнаа да се објавуваат видовме дека пред се има приватни разговори, разговори кои не само што немаат врска со криминал, туку немаат врска со државнички работи. После неколку бомби се виде дека нема силина во тоа, дека се е еден балон, истакна новинарот Нонковиќ.