Македонија

Бомбите на Заев експлодираат во опозициските медиуми

Бомбите на Заев експлодираат во опозициските медиуми

Гоце Михајлоски веќе не е главен уредник на телевизијата 24 вести. Михајлоски преку социјалните мрежи посочи дека причината е лична, дека различните ставови со менаџментот не се единствената причина, туку и дека покрај работата имало и други бесценети работи, на пример слободното време.

„…Со менаџментот понекогаш сме имале различни мислења за дел од програмата, но тоа не е ниту главната, ниту единствената причина за моето повлекување. Сепак во животот постојат и други приоритети освен градењето кариера по секоја цена. На пример, слободното време е бесценето. Телевизија 24 Вести има голема доверба кај гледачите, поради својата објективност и независност. Сметам дека ќе остане на истиот пат, за кој се надевам мал удел дадов и јас претходната година…“- стои во дел од образложението.

Всушност, Михајлоски е дел од „ловот на вештерки“ против оние кои изразуваат било каков сомнеж кон таканаречената стратегија на СДСМ „Вистина за Македонија“. За потсетување, Михајлоски посочи на многу прашања кои и ден денеска ги поставуваат граѓаните- од каде се снимките, има ли некаков доказ да посочи дека се снимани над 20 илјади лица, има ли доказ дека токму власта се снимала, па и каде е логиката да се снимале самите себе, за признанието дека материјалите му се од странски служби?

И најважното прашање, кое и ден- денеска СДСМ не може да му го прости на Михајлоски- прашањето за доказот од истрагата, писмото пишувано на рака, за кое Заев ладнокрвно го призна и писмото и содржината. Призна и се негираше и себе и си ја негираше партијата зад себе дека не го познавал Зоран Верушевски. Па и прашањата за содржината  за премиерот, што барал од нив, која земја, делот во кој посочува дека чекаат пријателите од надвор? Прашања на кои се уште се чека одговор, пишува „Република“.

Заев тука за прв пат посочува како седел пет месеци да го селектира сам материјалот, дека нема „да го подели во партија да го подели да ги слушаат и да изиграваат воајери“, што во овие две недели неколку пати е демантирано во интервјуата на луѓе блиски на СДСМ.

За потсетување, Михајлоски неколку пати посочува дека криминал не е објавен. Посочувањето на Михајлоски и денеска „држи“.

СДСМ по ова интервју мораше веднаш да организира интервју на Заев во тв Алсат-М каде со договорени прашања со уредникот на телевизијата, со прашања кои во главно немаа врска со „Пуч“, туку со паушални оценки за „режимот“, за да не го одведе Заев во ново признание.

Проблемите за Михајлоски почнаа веднаш по интервјуто со Зоран Заев по првиот прес со пуштање на монтираните материјали од нелегално снимените телефонски разговори од државно политичкиот врв. За притисоците во телевизијата сведочат и други новинари во таа телевизија, а може да се увидат и на социјалните мрежи. Јавни напади доживуваа и Михајлоски и Душица Мрѓа, а по интервјуто на Заев на Телма, цел на напади стана и Боби Христов.

Всушност, од Михајлоски како и од другите новинари во медиумите контролирани од Павел Шатев, со парите кои Владимир Милчин ги дели од буџетот на Сорос, се бара да ја напуштат објективноста и да престанат да поставуваат прашања за кои ниту во СДСМ не се сигурни во стабилноста на Заев. Да се задржат само на ткн „содржина на бомбите“ без никаков критички став кон криминалното дело за кое Заев е обвинет, без да му се остави простор да признае уште некој доказ од обвинителството. Во ваков безизлез во кој се повеќе тоне СДСМ со нестабилноста на Заев, не останува ништо друго освен да се создаде огромен притисок вез новинарите во контролираните медиуми за да се исценира реалност во која Заев ќе се прикаже за херој. Па, не случајно за овие 20-тина години Милчин излеал безмалку 100 милиони во тие медиуми. Парите треба да ги оправдаат. И да ги одработат.

Се поставува прашањето во кој медиум следно ќе настапи Заев и како ли ќе се постави медиумот кон него? Ќе ги постави ли истите прашања кои останаа без одговор или само ќе остави Заев да си оддржи уште една прес-конференција?