Бомбите на Заев на ФБ профилот на убиениот командант Фадиљ

Во вчерашната анти-терористичка акција на МВР во која полицијата беше во жесток судир со терористичките банди од Косово беше убиен командантот на УЧК Фадиљ Фејзулахи.

Фадиљ Фејзулаху за кого косовските медиуми тврдат дека е ранет, но жив на својот Фејсбук профил објавувал вести за Албанци жртви на УДБА, за состојбите во Косово , за косовскиот Имам Ѓилани кој по втората светска војна бил лидер на муслиманите во Македонија, вести за критики на македонската Влада, но и вести поврзани со „бомбите“ на Заев, пишува „Курир“.

Меѓу другите вести за „бомбите“ на СДСМ, Фејзулаху шерувал вест за најавените информации дека Заев ќе објави вести поврзани со случаите Бродец, убиството на Харун Алиу и Случајот Монструм.

fffadiilllllllllllll

Фејзулаху редовно објавувал и вести поврзани со активности на УЧК на Косово и за дискриминација на Албанци од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

fejzuhalu-za-romite

Фејзулаху нема профил на Твитер, но негова слика со екс амбасадорот на САД во Скопје Пол Волерс снимена минатата година може да се најде вчера и денеска на оваа социјална мрежа.

Сликата ја објавуваат негови приврзаници кои што најверојатно сакаат да покажат дека тој бил близок со американски дипломати.

fadil-Fejzulahu-so-Pol-Volers