„Бонбона“ бизнисот им дојде на глава на граѓаните

Додека возачите ја трпеа неспособноста на Кадриу, жителите на Охрид Струга, Дебар и околните села го трпеа монополот од „Бонбона бизнисот“ на СДСМ, објави Курир.

Атанаско Тунески кој во моментов е претседател на партиската комисија на СДСМ, пред неколку години јавно ја предупреди Шекеринска за опасноста од продажбата на ЕСМ која се случи во 2006-та година. Но, таа и раководството на партијата на Црвенковски во тоа време останаа глуви на овие предупредувања. Затоа, граѓаните и денес го плаќаат цехот од продажбата која Шекеринска која таа ја нарече „бонбона бизнис“.

Голем број на села се останати без електрична енергија бидејќи неколку дена не е санирана електродистрибутивната мрежа до семејствата. Оваа мрежа е во надлежност на ЕВН која од 2006 година е сопственик на ЕСМ дистрибуција.

Тогаш Тунески и рече на актуелната заменичка-претседател на СДСМ дека ЕСМ не треба да се продава и дека приватна компанија нема интерес да се ангажира за ситни прекини во завеани села.

Без да размислат за реалните последици кои се закануваа како опасност, СДСМ сепак одлучи да си го води бизнисот. Истиот бизнис за Радмила Шекеринска беше одличен како бонбона.

Очигледно „бонбона“ бизнисот сега го плаќаат граѓаните на Македонија каде има места кои една недела се без струја и основни услови за живот. Бизнисот кој го направи СДСМ им дојде на глава на граѓаните.