Бонд има нова задача – да ги уништи противпешадиските мини

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го назначи британскиот актер Даниел Крег, познат по улогата на агентот 007 или Џемс Бонд, како прв светски пратеник на ОН за уништување на противпешадиски мини, пренесува МИА.

– Како 007 вие имате дозвола да убивате. Денеска ние ви даваме дозвола да спасувате, му порача Бан на Крег.

– Јас сум осмиот генерален секретар, што значи дека сум 008. Тоа значи дека јас сум му дал наредба да спасува, се пошегува Бан.

ban_kreg_2

Даниел Крег изјави дека за него е голема чест да биде специјален поддржувач на каузата за уништување на противпешадиските мини.

– Ужасно е колку напор е вложен во убивањето и уште поужасно е што невини луѓе загинуваат од тие напори, рече актерот.

Крег, кој на оваа позиција ќе биде три години, ќе помага во информирањето за заканите од неексплодирани противпешадиски мини и други експлозивни направи, кои останале од воените конфликти и ќе собира политичка и фиансиска поддршка за работата на ОН во таа насока.