сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 0

Бонева: СДСМ ги призна бројките од Извештајот на ДИК кои се наоѓаат во Избирачкиот список

dikbonevajakupi

Последни вести

После многу негирања на работата на ДИК, денес СДСМ ги призна бројките од Извештајот на ДИК, кои се наоѓаат во Избирачкиот список. Сите партии се согласија дека ДИК ги направи сите проверки, согласно методологиите, напиша членот на Државната изборна комисија Силвана Бонева на својот Фејсбук профил.

boneva

-После многу негирања на работата на ДИК, денес СДСМ ги призна бројките од Извештајот на ДИК, кои се наоѓаат во Избирачкиот список. Сите партии се согласија дека ДИК ги направи сите проверки, согласно методологиите. СДСМ спори 40 000 луѓе, кои при теренските проверки не беа најдени дома, а за кои најблиските дадоа одговори дека се на студии, на работа, на пат, на свадба, во болница, во затвор…. Со едногласна одлука на ДИК истите административно се проверија по различни основи во институциите. Сега СДСМ барат да се објават јавно и овие 40 000 и тие самите да се пријават во ДИК, во спротивно да не се запишат во Избирачкиот список. 170 000 гласачи, за кои се сомневаат дека се на привремена работа и престој во странство, бараат да се изнајде начин да бидат ставени во посебни изводи од Избирачкиот список.

Најчитани вести