Македонија,Политика

Бонева: Сите жалиме за 24 декември, не требаше да го слушате Црвенковски

Бонева: Сите жалиме за 24 декември, не требаше да го слушате Црвенковски

Жалиме сите ние за 24 декември, вели пратеничката и координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева порачувајќи им на своите колеги од опозицијата дека не требало да послушаат сценариот на Бранко Црвенковски.

„Тоа му беше единствен начин да дојде на власт, да направи тензија во Собранието на Република Македонија, да ги вовлече и колегите претставници на албанскиот народ овде во Република Македонија за да направите поголема тензија во Република Македонија бидејќи тоа беше единствениот начин Бранко Црвенковски да дојде на власт, бевте марионети во Собранието на Република Македонија и го игравте театарот кој што беше нацртан во Бихачка. Бевте марионети на Бранко Црвенковски. Тој однадвор, а вие одвнатре не смеевте да излезете надвор се додека не ја извојувате победата како што беше кажано, односно превземањето на власта“, рече Бонева денеска со Собранието.

Бонева истакна дека се надева дека настаните од 24-ти декември 2012 година нема да се повторат.

„И верувам дека никогаш ниеден пратеник нема да се дрзне некому да му попречува да дојде на своето работно место и да ги претставува сопствените граѓани. Вие тоа ни го правевте пред Сала 1. Жалам што не се вклучувате во работната група и конечно да ставиме точка на тој срам од 24 декемри кој што нанесе ужасна штета на Република Македонија и понатаму продолжувате со таквото сценарио. Жалам“, вели Бонева.