Бонева: Зошто претставниците на БЕСА се потпишале на записникот?

бонева

БЕСА откако ДИК ги објави мандатите, поднеле приговор дека на избирачко место 233/1, не биле убаво напишани бројките на гласачките ливчиња од страна на ДИК, и дека некој им ингерирал за кого да гласаат на дел од гласачи.

Ако тоа било така, зошто тогаш овластениот претставник на БЕСА се потпишал на образецот 16, зошто тогаш претставниците на опозицијата се потпишаа и потврдија дека изборниот ден се одвивал регуларно и нема никаква забелешка. Зборувате за период по 19 часот кога почна процесот на броење а гласачи ливчиња. Гласачи ливчиња не се сечени со ножици. Точно дека во повеќе немало ножици, а од нас ни беше наведено дека може да го искинат гласачкото ливче. Во однос на бројки на изборниот материјал, дека не биле јасни за гледање, апсолутно не се согласувам дека материјалот не бил нејасен. Уште повеќе се потврдува тезата дека ова не треба да е тезга на пазарење, роковите законот и треба да бидат почитувани од сите претставници, рече Бонева.

Факт се потпишале сите претставници на политичките партии, факт број два, додаде Бонева.

Претставниците на БЕСА се потпишале дека се е во ред. Приговорот е поднесен откако се знаеше бројот на мандати и затоа сметам дека приговорот е не основан, заклучи Бонева.