Спорт

Бони потпишува за Манчестер Сити, негова замена ќе биде Гомез ?!

Бони потпишува за Манчестер Сити, негова замена ќе биде Гомез ?!

Неколку дена наназад раководните луѓе на Манчестер Сити и Свонси преговараа за трансфер на напаѓачот Вилфред Бони, а според Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата коска трансферот е веќе реализиран.

“Вилфред Бони денеска, среда 14 јануари 2015, потпиша за Манчестер Сити” – гласеше пораката на Твитерот на федерацијата.

Сепак, Свонси експресно ја демантираа ваквата сторија.



“Вилфред Бони сеуште го нема комлетирано трансферот во Манчестер Сити, кога тоа ќе биде сторено ќе ве информираме преку официјални канали.”

Според медиумите од “Островото”, најверојатно во текот на денот ќе пристигне официјална потврда за преселбата на Вилфред Бони во Манчестер Сити.

Во фудбалските кругови ширум Англија веќе наголемо се говори за евентуалната замена за Бони, а според оние најупатените, изборот паднал на Марио Гомез од Фиорентина.

Германецот не е во најдобри односи со тренерот Винченцо Монтела, а и со оглед на честите повреди, раководството на “виолетовите” сака да се ослободи од неговиот богат договор.