Боно во име на бегалците: Јас не сум опасност, јас сум во опасност!

Во текот на целиот концерт на бендот U2 во Италија, фронтменот Боно Вокс кој е познат по неговата хуманитарна работа, користеше можност да испрати порака до политичките моќници во Европа да го променат нивниот став во врска со примањето на бегалци од Сирија.

– Јас не сум опасен, јас сум во опасност, рече Боно на крајот на песната „Bullet the Blue Sky“.

На почетокот на песната „Where the Streets Have No Name“, Боно внесе дел од текстот од песната Zooropa, која во контекст на приказната за сириските бегалци, доби sosema ново значење.

Боно запеа: „And l have no compass, and l have no map“, (Немам компас и немам мапа), „And i have no reasons, no reasons to get back“ (Немам причина да се вратам назад), а кога песната почна да преминува во „Where the Streets Have No Name“, Боно се обрати на публиката:

– Што сакате? Европа со срце и граници затворени за милост? Или Европа со отворено срце? Што сакате? Место кое можете да го наречете дом, порача Боно.

Во текот на песната „Pride (Ind the Name of Love“, Боно стиховите ги измени во оние каде зборуваат за „телото на детето пронајдено на празната  плажа“, реферирајќи на фотографијата која го вонземири светот последните денови.

– Не го знам одговорот на прашањето за кризата со бегалците. Но мораме да работиме заедно за да го најдеме одговорот, порача Боно.