Боно за малку избегнал смрт, aвионот почнал да се распаѓа

Пеачот Боно, во средата заедно со германскиот министер Герд Мулер, летал од Даблин кон Берлин на доделувањето на мизичките награди. Патувањето благо речено било трауматично, бидејќи дел од авионот испаднал во лет.

Биле во воздух на околу 2500 метри виско, кога пилотот забележал дека вратата од просторот за багаж испаднала.

Боно и министерот останале без својот багаж, но сепак среќни што останале живи.

– Летале отприлика еден час кога слушнале бучава во задниот дел на авионот. Се уплашиле, а кога слетале им кажале дека вратата и дел од просторот за багаж се одвоиле и испаднале за време на летот, изјавил близок пријател на пеачот.

Авионот „Лирџет 60“, Боно го платил 50 милиони фунти. Вратата која испаднала од авионот била со димензија 80 х 100 см. Кога испаднала, пилотот испратил повик за помош, за да можат на аеродромот да се подготват за слетување на авион со дефект. Слетувањето било малку комплицирано, но сепак никој не е повреден.