Бора Чорба итно префрлен во болница

Легендарниот музичат Бора Џорџевиќ (63) за време на престојот во Словенија, паднал од велосипед и ја скршил клучната коска.

Се уште не е познато како дошло до падот од кој се здобил со сериозни повреди. Музичарот неодамна по трети пат се ожени и тоа со 23 години помладата девојка Дубравка, која е по потекло од Словенија.

– Наместо да ужива со неговата жена Дубравка, Бора заврши во болница. На музичарот ќе му биде потребно многу време за да се опорави, па вреројатно ќе мора да ги одложи сите обврски, меѓу кои и бројните концерти ширум светот, вели за српски Курир близок пријател на пејачот.