Бора Чорба на „Слободна зона“ во Аеродром

Со почеток од 20 часот,  со Ди-џеј Че , вечерва стартува музичкиот фестивал „Слободна зона“ (Free Zone) под мостот „Близнаци“ покрај кејот на реката Вардар во Ново Лисиче.

По настапот на Ди-џеј Че, на фестивалот од 21 часот ќе настапи бендот Фјучр Инк, од 22:45 часот свој рок настап ќе има Марко Логаут, за потоа од 00:30 часот атмосферата да се загрее со Бора Чорба. Потоа до раните утрински часови свој сет ќе има Диџеј Ник Капа.

Влезот на музичкиот фестивал, чиј покровител е општина Аеродром, е слободен за сите посетители.