Ергоган: Борбата против тероризмот ќе биде успешно завршена

После вчерашниот стравичен напад во Анкара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се заколна дека „ќе го ‘фрли’ тероризмот на колена“.

Тој додаде дека бомбашкиот напад кој се случи вчера само ја зајакна намерата на Турција во борбата против тероризмот.

„Нашите луѓе не треба да се грижат, борбата против тероризмот сигурно ќе биде успешно завршена и тероризмот ќе биде „фрлен“ на колена“, рече тој.

Во вчерашниот напад преку 125 луѓе се ранети, од кои 19 сериозно повредени. Дури 30 луѓе загинаа на местото на експлозијата, додека седуммина им подлегнаа на повредите во болницата, а меѓу мртвите се претпоставува дека се и двајца од напаѓачите.

Засега уште никој не ја презема одговорноста за нападите во Анкара.