Борбата за нови инвестиции продолжува и покрај тешката политичка криза

Германската компанија „ Franz Kiel Gmbh“ ќе започне со работа, тоа е водечка фабрика за производство на седишта за автобуси и возови во Европа. Инвестицијата се реализира во три фази, а инвеститорот се обврзува на најмалку 350 нови вработувања. Оваа фабрика меѓудругото е добавувач и на фабриката  „Van Hool“ која веќе инвестира и произведува во Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од своја страна потенцира дека е многу важно што во сегашните услови на политичка криза,  која што долго трае, се успева некако да се задржат инвеститорите кои претходно одлучија да градат тука и што се успева да се привлечат нови иако, како што рече, некои од нив се поколебаа или се уште се колебаат.

– Се уште се успева барем еден дел од нив да се убедат да дојдат во Македонија. Тоа е многу важно за државата за да не дојде до економски пад што ќе се рефлектира на невработеноста и стандардот на населението. Независно што се ни прават од СДСМ мораме да останеме посветени на овој дел затоа што е круцијален за граѓаните, кои чекаат работа. Независно од се како политичка гарнитура мораме да вложиме максимални напори да продолжи трендот на отворање нови работни места, рече Груевски.

Активно течат подготовките за изградба и реализација на инвестицијата ја „Johnson Controls“ која предвидува 1500 нови вработувања. Во моментов „Adient“  (Johnson Controls) Струмица има 750 вработени во браунфилд инвестицијата.

Се работи за фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта во зоната во Струмица. За две недели почнува монтажата на опремата и машините, по што околу 750 работници ќе бидат префрлени во новите погони. Дополнително, до крајот на годинава се очекуваат уште 400 вработувања, па уште 400 во 2018 година

Освен новата фабрика „Adient“  (Jonson Controls)  во Струмица, се очекува да се реализира договорот со „Cagataj Cablo“  турска инвестиција која ќе почне со градба во ТИРЗ Скопје 1.

Во однос на останатите компании, во тек е третата фаза на „Текнохозе“, италијанска фирма за производство на армирани гумени црева, а најавени се од 100 до 200 вработувања. Американската „KSS“  Кичево стигна до 1200 вработувања, a до крајот на годината се најавени уште 200 нови вработувања.  Стотици семејства од овој град и од регионот ја обезбедија својата егзистенција, компанијата за производство на воздушни перничиња за автомобили работи со полна пареа.

„Van hool“ ја довршува втората фаза, а до крајот на годината се очекува да се вработат 1000 нови луѓе. Оваа компанија активно соработува со локалните добавувачи, што ја прави инвестиција од голема важност за нашата економија. Како резултат на соработката со Белгијците, компанијата „Актива“ изгради целосно нова фабрика и отвори дополнителен број работни места. „ODW elektrik“ во месец јуни ќе го префрли производството во новиот објект кое сега има 230 вработени, а се очекува бројката да стигне до 1000 вработени, додека пак „Genterm“ во моментов има 900 вработувања.

Позитивните ефекти од инвестициите ги потврдуваат и економистите.

-Работниците земаат плата, одат во локалните продавници, купуваат, трошат, што значи дека се мултиплицира ефектот од инвестицијата. Оттука, позитивните ефекти не се само во непосредните вработувања, објаснува универзитетскиот професор Јован Пејковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.