Борбата за Украина почна: Кралот на чоколадото против гасната принцеза

Во Украина почнаа вонредните претседателски избори кои би можеле да допринесат за решение на кризата воземјата, иако проруските демонстранти на истокот од земјата се заканија дека ќе го спречат гласањето.

За недвосмислен фаворит важи милијардерот Порошенко. Во народот ужива далеку поголем углед, бидејќи важи за „чист“ политичар. Во деловниот свет влегол тргувајќи со какао, што му го донело прекарот „Кралот на чоколадото“. Успехот го направил магнат на кондиторската индустрија, инвестицијата ја проширил на автомобилската индустрија и бродоградбата, а сопственик е и на најпопуларната украинска телевизија – Канал 5.

„ Не успеавме да ископаме ниедна корупциска афера“ тврди Светланка Залишник од невладината организација „Чесно“, која е под лупа ги стави претседателските кандидати во Украина.

На популарноста на Порошенко не влијае многу ни тоа што од влегувањето во политиката, крајот на 90-тите , повеќепати го менуваше таборот.

„Како деловен човек , не смееше да биде во опозиција, бидејќи работата би трпела“, забележува аналитичарот Кирил Савин .

Факт е, меѓутоа дека секогаш доследно ја поддржувал проевропската опција, за што во различни влади беше награден со позиција на министер за надворешни работи, министер за земјоделие и член на Советот за безбедност.

Тимошенко пак, пред да ја сплете златната коса околу главата, будејќи митски спомени од рурална Украина, носеше потемна коса и има о минато многу помрачно од она што се претпоставуваше. Украинците ја паметат како конзервативна, бескомпромисна и неумолива деловна жена која склопи политички сојуз со тогашниот премиер Павел Зазаренко и за кратко време стекна огромно богатство со работењето со природен гас. Лазаренко е во САД осуден за перење пари, корупција и измама, додека судскиот процес против Тимошенко е запрен само заради тоа што во 2005 таа стана хероина на портокаловата еволуција, а брзо потоа стана премиерка .

После долгиот мандат 2011 падна во затвор заради злоупотреба на власта, а понатамошното служење на казната повторно ја спаси револуција.

Излегувајќи, пред насобраната толпа со солзи во очите од инвалидската количка, наводно преобратена од годините мачеништво. Според некои, најпогодна личност за сузбивање на корупцијата во Украина е токму таа доколку има воља за тоа, бидејќи тематиката детално ја познава „одвнатре“.

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Москва ќе ја почитва волјата на украинскиот народ, иако условите во кои се одвиваат изборите не ги исполнуваат меѓународните стандарди.