Свет

Борбен авион се сруши врз куќа во Калифорнија

Борбен авион се сруши врз куќа во Калифорнија

Американски борбен авион падна на станбена област и уништи две куќи на југот на Калифорнија, но нема повредени, соопштија властите. Авионот „харијер AV-8B“ се сруши и експлодираше, а пилотот претходно безбедно катапултирал.

Официјалните лица велат дека пилотот подоцна бил префрлен во болница на преглед, а потоа бил пуштен.
Авионот паднал на куќа вчера во попладневните часови по локално време во местото Империјал, недалеку од границата со Мексико, околу 145 км источно од Сан Диего, пренесува АП.

Остатоци од авион паднале на една куќа која е уништена, а од експлозијата е уништена уште една куќа, а друга е оштетена.
Жителите велат дека детонацијата личела на земјотрес и дека виделе како пилотот се спушта со падобран околу 200 метри од падот на авионот.Ова е втор пад на авионот на типот „хариер“ од воздухопловната база „Јума“во последните месец дена.