Балкан

Борци од ПКК убија член на турската владејачка партија

Борци од ПКК убија член на турската владејачка партија
Претставник на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) е убиен од борци од Курдската работничка партија (ПКК), јави турската агенција Анадолија.

Борците од ПКК отвориле оган врз општинскиот претседател на АКП Деријан Актерт, кој се наоѓал во својата канцеларија.

Преземена е операција за пронаоѓање на напаѓачите.

Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) водат вооружена борба против турската држава од 1984 година. ПКК се смета за терористичка организација од страна на Турција, ЕУ и САД.