Борците на ИД уапсени во Турција одбиваат да се вратат во Индонезија

Групата од 16 милитантни исламисти од Индонезија, која во јануари турската полиција ги уапсила при нивниот обид да преминат во Сирија, одбива да се врати во Индонезија и бара да им се дозволи заминување на боиштата во Исламската држава. Во групата, која во Турција дошла со туристички аранжман, има 11 малолетници, четири жени и еден маж.

Вестите за приведувањето на 16 државјани во Tурција, со невообичаено голем број малолетници меѓу нив, беше чувана како тајна, а први ја открија медиумите во Турција.

Медиумите во Индонезија известуваат дека до сега биле неуспешни обидите на турските власти да ги натераат регрутираните бунтовници да се вратат дома. Во Турција од пред неколку дена се наоѓа и група високи функционери на полицијата, разузнавањето и агенцијата против тероризам на Индонезија, но притворените милитанти одбиле да разговараат со нив.

Шефот на полицијата на Индонезија Бадродин Хаити на денешната прес конференција во Џакарта изјави дека нема друго решение освен милитантните исламисти да се вратат во татковината. Тој додаде дека на сите од групата им се одземени патните исправи,што е за сега и единствената мерка која Индонезија ја применува при откривање на учесници, или лица регрутирани за борбите во Ирак и Сирија.