Борците на ОВК од јануари ќе земаат пензија

Поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово од јануари следната година ќе примаат пензија како воени ветерани.

Само 16 илјади од вкупно 66.300 пријавени досега добиле потврда, изјавил директорот на комисијата Фалк Фазлиу за косовските медиуми.

-Листата на верификувани ветерани ќе биде објава во декември, а од јануари ќе ја добиваат пензијата која што ја заслужуваат, рекол Фазлиу.

Тој минатиот месец изјавил дека според проценките во редовите на ОВК се бореле околу 20 илјади лица.

Невработените ветерани ќе примаат месечно износ не помал од минималната плата на Косово, односно 170 евра за лица постари од 35  и 130 евра за оние кои се помлади од 35 години.

Косовската влада издвои буџет од 25 милиони евра за поранешните борци и за лицата кои биле силувани во текот на војната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.