Македонија,Крими хроника

Сеуште се бори за живот момчето повредено во кумановската „Дива населба“

Сеуште се бори за живот момчето повредено во кумановската „Дива населба“
Убиство во „Дива населба“ , фото: Kumanovo news

Сеуште се бори за живот момчето коешто беше рането во вооружена престрелка во кумановската „Дива населба“. Полицијата се уште трага по убиецот од Куманово, кој го усмрти таткото и го рани братот на неговата поранешна сопруга.

Триесет годишниот Аднан сеуште се бори за живот. Тој е опериран и се уште е во критична здравствена состојба.

Пронајден автомобилот на убиецот

Куманово Њуз, пишува дека ноќта кога се случило убиството бил пронајден напуштен автомобил, за кој се претпоставува дека е на убиецот Беќир Н. од Косово.

Истата вечер во липковското село Никуштак пронајден е напуштен автомобил за кој се претпоствува дека е на Беќир, но од Кумановската полиција велат дека сеуште не е утврдено дали возилото е на осомничениот. Се претпоствува дека тој откако ја извршил крвавата пресметка пребегал во Косово, пишува Куманово Њуз.

Зетот го уби дедото, а шурата сеуште се бори за живот

Зетот го уби дедото, а шурата сеуште се бори за живот
Зетот го уби дедото, а шурата сеуште се бори за живот

Кумановската „Дива Населба“ се уште е завиена во црно од неодамнешниот хорор. Во вооружената престрелка Беќир Н. го усмрти таткото на неговата сопруга, 71- годишниот Рахим Р.

Неговиот син, 30- годишниот  Аднан се здобил со тешки повреди и тој беше пренесен во кумановската болница.

Според информациите на дел од медиумите, убиецот по нападот избегал со автомобил „БМВ“, а причина за убиството се семејни недоразбирања.

Зетот пукал во дедото и шурата

Според првичните информации кои што беа објавени зетот пукал во таткото и братот на неговата сопруга во вторникот, нешто по 11, 15 часот на улицата „Тоде Мендол“ број 140.

Според неофицијалните информации, вооружениот инцидент се случил по претходна семејна расправија.

Како што пишуваат дел од медиумите сопругата на напаѓачот се вратила кај своите родители откако тој заминал на работа во Косово. Кога се вратил во кумановската населба, зетот отишол во домот на неговиот дедо бидејќи сакал со себе да го земе седумгодишниот син. Откако не се договориле Беќир извадил пиштол и почнал да пука кон нив.

Кумановскиот зет го убил таткото на сопругата, а тешко го повредил нејзиниот брат. Од повредите дедото починал на самото место, додека шурата е пренесен во Кумановската болница.

Втор инцидент во Куманово за една недела

Инаку ова е втор поголем инцидент во Куманово во една недела.Точно пред една недела, минатиот четврток, во истата населба од автомобил во движење беше ликвидиран Џемаил Реџепи, познат како „Командант Шипоња“.

Реџепи беше убиен во кафуле во кумановската населба Бедиње каде што седел со неговиот братучед Шефки Реџепи и со Гани Демири.

 

За ликвидацијата на Реџепи, повеќе на следниот линк.