Борис Џонсон: Нема потреба за брзање за излез од ЕУ

Поранешниот градоначалник на Лондон и лидерот на кампањата за Брегзит, Борис Џонсон рече дека сега нема потреба за брзање.

Тој истакна дека треба да се градат мостови со Европа заедно со Британците што гласаа за останување во Унијата на референдумот.

Првиот кандидат за иден премиер по заминувањето на Дејвид Камерон рече дека ќе постои интензивна соработка со Европа и покрај резултатите од референдумот.

Неможам да опишам колку Британија е дел од Европа. Нема потреба Британија сега да брза а би сакал да ја смирам приказната и за евентуалниот референдум во Шкотска… Единствената промена и таа не треба да дојде со било какво брзање е дека Обединетото Кралство ќе се оттргне од законскиот систем на ЕУ. Граѓаните на ЕУ што живеат во нашата земја ќе ги имаат загарантирани сите права, а тоа се однесува и на Британците што живеат во ЕУ. Британците и натаму ќе може да одат и да работат во ЕУ, да живеат, да патуваат, да студираат, да купуваат куќи, вели Џонсон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.