Борис Џонсон поднесе оставка

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон поднесе оставка,која е прифатена, кратко потврди кабинетот на премиерката Тереза Меј. Засега нема информации кој би можел да го наследи Џонсон на позицијата.

Од Владата најавија дека наскоро ќе биде новиот министер за недоврешни работи.
Џонсон се повлече од позицијата еден ден откако си замина министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис.
Тој веднаш беше заменет со евроскептикот Доминик Раб.

Британската Влада минатата недела најави дека ќе објави Бела Книга во која ќе бидат подетално објаснети визиите на земјата за идните односи со ЕУ по излегувањето од членството предвидено за 29 март 2019, точно две години од почнувањето на постапката за истапување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.