Борис Ѓоргиевски за градоначалник, брат му го наместил советник во Град Скопје, сопругата директор

Непотизам на дело. Целата фамилија се наместила и атакува на позиции. Па така Борче Ѓоргиевски е кандидат за градоначалник за Гази Баба од СДСМ, а додека неговиот брат стана советник во Град Скопје Бранко Ѓоргиевски, пренесува Денешен.мк.

Неговата сопруга која работи како наставник во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ најавила дека доколку стане нејзиниот сопруг градоначалник, таа ќе биде иден директор на училиште.

Целата фамилија на државна чешма.

Инаку дел од медиумите пренесоа дека Борис Ѓоргиевски се фалел јавно дека за уши на минатите избори вадел луѓе на гласање, а на терен се одвива силен поткуп особено назначен во руралниот дел на Гази Баба, пишува Денешен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.