Борис Тадиќ заинтересиран за местото генерален секретар на ОН

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ е заинтересиран за функцијата генерален секретар на ОН, тврди белградскиот весник „Информер“.

Наводно Тадиќ ќе го информира и лидерот на Српската напредна партија и кандидат за иден премиер на Србија, Александар Вучиќ, за време на нивната денешна средба посветена на формирањето нова влада на земјата.

– Борис Тадиќ не го интересира парламентарната работа, како ни минстерската фотелја. Затоа, доколку направи договор со Вучиќ за влез на неговата партија во владата, ќе бара поддршка за својата кандидатура за местото шеф на ОН, изјавил за „Информер“ анонимен извор од Новата демократска партија (НДС) на Тадиќ.

Советничката на Тадиќ, Марина Комад меѓутоа тврди дека тој „во моментов не резамислува за ваква кандидатура, туку дека е свртен кон внатерешната политика“, иако сепак не ја отфрла таквата можност.

Петгодишниот мандат на следниот генерален секретар на ОН треба да започне на 1 јануари 2017 година. Бан ки Мун во моментов го „троши“ својот втор мандат и нема право на уште еден.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.